Лондонската полиција ги загуби клучевите од Вембли, безбедноста не е загрозена, барем така тврди Скотланд Јард


Лондонската полиција ги загубила комплет клучевите од Вембли, еден од стадионите на кој се одржува турнирот во женски и машки фудбал. Сепак безбедноста не е загрозена барем така тврдат полициските служби.

Полицијата која што го обезбедува фудбалскиот стадион во западен Лондон, минатиот вторник успеа да загуби еден комплет клучеви, но не прецизраше за точно кои клучеви станува збор, пренесува Скотланд Јард.

Како што наведува полицијата, детективите не успеале да ги најдат клучевите, но ниту докази за тоа дали некој ги украл, што покажува дека веројатно истите биле случајно загубени. Организаторите за да го отворат стадинот ги искористија резервните и дополнија дека нема никакви грижи за безбедноста на гледачите.
Вембли е еден од шесте стадиони на кои се одржуваат олимпиксите натпревари во машки и женски фудбал. Натпреварувањата започнаа минатата среда, пред свеченото отворање на ОИ.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1