Парите не носат среќа – или носат? Вистински приказни за добитници на лото


Добитниците на лото како ги следи среќа ги следи и малер. Не се малку приказни каде по добивките на милиони овие луѓе ги тера само баксуз.

Порталот themen.mk собрал неколку вистински приказни за добитници на лото. Еве ви ги пренесуваме и тука.

1. Најголем баксуз и ксметлија

Фрањо Селак, роден 1929 година е хрватски професор по музика

Овој човек е истовреме и најсреќниот и најнесреќниот човек на светот. Имено успеал да се спаси од воз кој излетал од шините, паднал од авион, му горел автомобилот тој успеал да излезе неповреден, преживеал 3 големи сообраќајни несреќи – а како шлаг на се – освоил милион долари на лотарија!

– Јануари 1962. Селак патувал со воз од Сарево до Дубровник, возот излетал од шините и паднал во замрзната река. 17 луѓе загинале, но, тој минал само со скршена рака.

– Наредната година, патувал од Загреб за Риека, одеднаш се разнесла вратата од авионот и тој со други патници паѓа надвор. 19 луѓе загинале, додека тој за некое чудо паднал на гранки од дрва, потоа на сено и се спасил.

– 1966 година, автобусот во кој се возел се судира и паѓа во река. Четворица се удавиле, а Селак останува жив.

– 1970 и 1973 – година успева да побегне од својот автомобил откако го зафатил пламен од неисправна пумпа за гориво.

– 1995 година го удира градскиот автобус, но поминува со лесни повреди

– 1996 година со својот автомобил паѓа од карпа за да избегне судар со камион. Се задржал на дрво и гледал како неговиот автомобил експлодира во провалијата.

Но, во 2003 година, повторно среќата се свртува и тој освојува милион долари на хрватската лотарија. “Знаев дека Бог ме гледаше сите овие години”, изјави Селак, кој ја одбил понуда да опатува во Австралија да сними реклама бидејќи, не сакал повеќе да ја тестира својата среќа.

2. Жена преку Google дознала дека маж и добил бинго но никогаш не ѝ кажал.

Во 2007 година, штом Дона Кембпел ќе уклучела телевизор маж и Арним Рамдас го гасел.

Се обидувал да сокрие од неа дека добил 10.2 милиони. Жената на гугл го напишала неговото име и открила дека тој ја освоил главната премија на лотарија.

Жената поднела тужба против него, со која бара половина од парите, не се појавил ни на суд нити пак се вратил дома.

3. Абрахам Шекспир 43 годишен добил 30 милиони долари на лото во Флорида. Неговото тело било пронајдено по 9 месеци. го убил дечкото на девојката која глумела дека го сака за да му ги земат парите.

4. Холи Лахти 29 годишна самохрана мајка на 2 девојчиња добила 190 милиони долари. Таа живеела одвоено но не разведено од мажот насилник.

Откако ги добила парите ја тепал и викал ова е супер ем нема да плаќам алиментација ем мораш да ми дадеш половина.

Ја претепал неколкупати.

5. Го дуплирал својот џек пот по грешка!

Дерек Ладнер заборавил дека уплатил лото – па уплатил два пати. Во 2007 година. Главната добивка од 2.395.710 фунти била поделена помеѓу 5 добитници – за секого по 479.142 фунти.

Но од 5 те – 2 ливчиња биле на Дерек. Тоа му донело уште една петтина од целокупниот износ на џек потот.

Да не го уплатеше два пати истото ливче, останатите тројца победници би биле побогати за 120.000 фунти.

6. Го прегазил камион неколку часа откако добил премија

На 22 јануари 2004 година, 73 годишниот Карл Атвуд од Елвуд, Индијана, освоил 73.450 долари на лотарија. Таа вечер отишол до продавницата кадешто го купил лотото, кога немилиот настан се случил. Го удрил камион – починал на пат кон болница

7. Освоил 16.2 милиони, сите му барале пари, банкротирал и починал.

Вилијам Пост во 1988 година освоил 16.2 милиони на лотарија во Пенсилванија, а последните денови од својот живот ги поминал живејќи од социјалната помош. Изјавил: “Би сакал никогаш да не ми се случеше ова нешто”.

Бившата девојка го тужела и барала дел од премијата. Неговиот брат беше уапсен поради тоа што најмил професионален убиец да го убие со надеж дека ќе наследи дел од парите. Останатите роднини навалувале (се додека не прифатил) да ги вложи парите во автомобили и ресторан – две инвестиции кои не му ги вратиле парите и ги заостриле односите со роднините.

Вилијам дури и поминал кратко време во затвор кога пукал во службениците за данок. За година дена, бил во минус од милион долари.

Идеја превземена од www.themen.mk

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1