Фото Брука: групна фотка со точакот на пола полиција и Премиерот


 

Иако Србија не може да се испере од срамот дека токму во оваа држава му беше украден велосипедот на познатиот јапонски велосипедист кој со тој ист велосипед од Малезија го минал половина свет, сепак мала утеха е што крадецот е уапсен, а точакот најден.

Сепак смешна е оваа фотографија на која Премиерот – министер за внатрешни и пола врв на полиција се сликаа гордо со ТОЧАКОТ ПРЕД НИВ. Велосипедот е вратен на сопственикот кој сега може да го продолжи патот – после се што му се случи во Србија сигурно ќе го јавне точакот уште вечерва. 🙂

Секоја чест – барем го најдовте да не е бруката до крај, можеше и да не го најдете.

 

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1