Обновено – Спасено селото Долно Дупени – пожарникарите успеале да го пренасочат пожарот


 Oбновено –

Според последните информации пожарникарите успеале да го пренасочат пожарот накај полињата над селото. Засега избегната е опасноста да ги зафати куќите.

Во гасењето на пожарот учествувале пожарникари одРесен, Охрид и Битола, Шумското стопанство од Ресен и уште 200 лица доброволци од околните села.

Жителите се сеуште во паника. Во селото немало струја и вода.

Пожарот во Долно Дупени избувна доцна попладнево и поради ветерот се проширил, како што претходно јави дописникот на Либертас веќе биле зафатени и изгорени дваесетина куќи во селото. Но според последните информации од наши читатели пожарот зафатил само неколку дворови на првите куќи во селот, но брзата реакција спречила тие да изгорат.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1