Повеќе од половина светска популација во наредните десет години ќе се соочи со проблеми со видот, односно со кратковидност, а виновник за сето тоа е се почестото и подолготрајното користење на паметните телефони.
Од пристигнувањето на паметните телефони на пазарот, во 1997 година до денес, за 35% поголем е бројот на кратковидни луѓе, а со оглед на тоа што се бележи раст на трендот на нивното користење, пропорционално расте и ризикот за здравјето на очите, предупредува угледниот очен хирург и основач на клиниката “Focus”, докторот Давид Аламби.
Тој тврди дека гледањето во екраните исклучително штетно делува на очите, па предвидува дека во следните 10 години, повеќе од 50% од луѓето во развиените држави ќе бидат кратковидни, пишува “Daily Mail”.
Покрај паметните телефони негативно на видот влијаат и компјутерите и телеизорите.
Новите истражувања покажуваат дека поголемиот дел од корисниците, својот мобилен телефон го чуваат на само 30 центиметри растојание од лицето, додека пак некои гледаат во телефонот и од многу поблиску.
Duma