Фото: Жешка Сузе под струмички водопад


Сузе направи бомба фото – сесија

Фотосесија на Сузана Гавазова – Сузе кај Смоларскиот водопад на планината Беласица во струмичко.

Желба и било одамна да го направи тоа за својата општина, затоа што потекнува од селото Сушица. -Секое лето еднаш или два пати одам на водопадите.

Да имам слободно време, повеке ќе одам, дури посакувам и таму да си живеам но тоа сега е невозможно. Има многу туристи и од странство што ги посетуваат водопадите. – рече таа.

Сакала да се слика веднаш под водопадот, но водата била многу ладна. Како за нејзината кариера, така и за привлекување на повеќе туристи била целта на фото – сесијата.

Сузе ја искористи оваа прилика да ги викне сите Македонци да го посетат Смоларскиот водопад и да ја почувствуваат природната убавина и свежиот воздух со ниски температури.

Tags: , , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1