Сестрата на Цукерберг (газдата на Facebook), работи за конкурентниот Google


Се чинеше дека креаторот на напознатата и најпрофитабилна социјална мрежа „Facebook“, Марк Цукерберг многу роднини и пријатели вработи во сопствената компанија, но се испоставо сосема спротивното.

Откако „Google“ ја купи компанијата „Wildfire“ за која работи сестрата на познатиот Цукерберг, Ариел, нејзина задача помеѓу останатото е да и помогне на компанијата во борбата бротив „Facebook“.

Ариел досега работела во „Wildfire Interactive“, фирма која управува со содржините на друштвените мрежи за многу големи компании како „Amazon“ и „Verizon“.

Другата сестра на Цукерберг, Ренди на својот „Twitter“ профил напишала:

„ Честитки за „Wildfire“. Сега и официјално, поголем број на членови од семејството Цукерберг работат за „Google“ отколку за „Facebook“. Така што може да се претпостави дека освен Ариел и други членови се веќе во „Google“.

Веќе се зборува дека Марк сакал сестра му да дојде да работи за него, но Ариел одлучила да тргне по сопствен пат.

За разлика од Ариел, другата сестра Ренди со години работеше за „Facebook“, но на крајот и таа ја напушти неговата компанија.

Share Button

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1