Лушпата на здрав и органски одгледан компир не содржи никакви отрови штетни по здравјето. Опасно е да се јаде недозреан компир со зелена или со наместа зелена лушпа и зелени делови.
Многу експерти сметаат дека тој е природно средство за лекување на гастритис, една од најстрашните болести на денешницата.
Се препорачува да се зема по една лажица сок од компир разреден со малку вода, половина час пред појадокот, ручекот и вечерата.
Кај луѓе со чир на желудник се советува секојдневно да пијат половина децилитар сок од компир на празен стомак и потоа по половина децилитар половина час пред ручекот и вечерата.
Сокот од компир го намалува шеќерот во крвта, а помага и во лекување на болести на белите дробови дури и кај потешки болести како емфизема.
Ефикасноста на компирот за сузбивање на ракот постојано се докажува и во научните истражувања. Професорот Кагамин од медицинскиот факултет во Акита, Јапонија, успеал од сиров компир да издвои супстанција која се покажала ефикасна во спречувањето на растот на туморските келии кај лабораториски глувци. Резултатите ги објавил на меѓународен конгрес на Лигата за борба против ракот одржан во Германија.
Ако се чувствувате слабо или исцрпено наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и јаболко и во рок од две недели повторно ќе бидете во форма.
Подготовка на сокот од компир – прочитајте на Бабин Лек.ком