Максимилијан е една години и од овој Септември редовно оди во детската градинка во Струмица но на 17-ти Септември кога неговата мајка го земала од градинка неговото лице и рачиња било буквално искасани изгребани и отечени.
Како одговор од воспитувачката таа го добила следново:
– Во моментот имало само една воспитувачка на таа смена, која ги оставила повеќе од 20-тина дечиња на воздраст од две години без надзор од друго лице додека заминала да земе некое друго детенце или пак да оди во тоалет, а откако се вратила забележала дека Максимилијан е целосно искасан и изгребан по лицето и рачињата, пренесува Сител.
Истиот овој случај воспитувачката не го пријавила кај директорката и иако во склоп на градинката има медицинско лице таа не го однела Максимилијан на преглед, туку на своја рака и воља повредите ги намачкала со Павловиќева маст.
Кога подоцна Максимилијан бил однесен во соодветна здравствена установа медицинското лице потврдило дека повредите најпрво би требало да бидат исчистени правилно со антисептик, поради длабочината на гребнатините и искасаниците, додека пак Павловиќева маст е сосема погрешен третман на таков вид повреди.