Вработените во бањалучкиот Основен суд присуствувале на несекојдневен настан, на породување на својата колешка.
Зградата во која се одлучува за многу човечки судбини, во четврток попладне беше место на раѓање, а како што пишуваат „Независне новине”, на работното место се породила жена која работи како дактилографка во судот.
Иако местото на раѓање е необично, и мајката и бебето се добро, пишува весникот.