Непознат сторител го запалил знамето на Република Македонија кое било истакнато на јарбол пред зградата на дирекцијата на ХЕЦ Маврово Случајот го потврдуваат и од СВР Тетово, чии екипи извршиле увид утрово, веднаш по пријавувањето.
Според првичните сознанија, знамето најверојатно било запалено ноќеска, а прв го забележал вработен во чуварската служба, кога утрово доаѓал на работа.
На трите јарболи покрај државното, биле истакнати и албанското и знамето на компанијата, кои не биле оштетени.
Собрани се повеќе траги за вештачање и спроведени се активности за откривање на сторителот.