Едната страна на лицето ја мачкала со евтин, а другата со скап крем – еве ги резултатите


Со цел да провери, новинарката од Дејли Мејл, Маила Клари Цисоти неколку месеци користела најевтин крем за 1 евро на едната страна од лицето, а на другата Крем де ла Мер кој чини околу 200 евра.

Евтиниот крем содржи вообичаени компоненти како глицерин, додека Крем де ла Мер има многу комплицирана формула. Неговата тајна формула е мешавина направена од ферментирани алги, витамини и минерали кои се третирани со звучни бранови. Според зборовите на компанијата, има ефект на трансформација на кожата која за кратко време станува цврста, хидратирана, ревитализирана, а брчките и порите се намалуваат.

article-2418153-1BBBD9A8000005DC-919_634x311Пред да почне со експериментот, Клари ја тестирала својата кожа со помош на уредот Виста, развиен од НАСА за да го следи влијанието на зрачењето и нулта гравитација на кожата на космонаутите.

Тестот покажал дека на прагот на 47 години брчки има помалку од просекот, но кожата и е дехидрирана и забележано е црвенило.

Неколку месеци Клари ја практикувала истата рутина. На десната страна нанесувала Крем де ла Мер, а на левата од евтиниот крем.

На крај од експериментот, според дерматолошкото скенирање, евтиниот крем дал подобри резултати. Левата страна на лицето, каде нанесувала евтин крем, била подобро хидратирана, црвенилото се намалило, а некои ситни брчки околу очите исчезнале. Кожата на левата страна се подмладила за 5 години.

извор: Дејли Мејл/Попара.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1