Шурата на претседателот Иванов е повредениот во сообраќајката – се бори за живот?


policija-lenta-540x312Братот на сопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов, Маја Иванова, се бори за живот на скопските клиники откако доживеал страотна сообраќајна несреќа.

Братот на сопругата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е тешко повреден во сообраќајна незгода, дознава Телеграф.мк, од полициски извори.

до несреќата дошло откако шурата на претседателот Иванов, Сашо Тоневски, возејќи се со моторцикл, изгубил контрола, при што удрил во металните столбови на булеварот Мајка Тереза, при што се здобил со сериозни повреди.

 Повредениот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар, а според податоците на Телеграф, се наоѓа во животна опасност.

ОБНОВЕНО –

Шурата на претседателот Ѓорге Иванов, брат на неговата сопруга, Сашо Тоневски е во стабилна состојба, по сообраќајката која ја имал синоќана булеварот Мајка Тереза (некогашна Водњанска) – информираатод клиника.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1