Јелена и Небојша Огњановиќ од донации собрале 2 милиони евра за трансплантација на срце на нивната 8 годишна ќерка Тијана. Тијана во април отпатува во Хјустон каде требаше да се изврши операцијата, но срцето на девојчето не издржа и таа почина на 15 јули. Српски Курир, повикувајќи се на извор од банката каде биле уплатени парите, пишува дека родителите на Тијана наместо да ги дадат донираните 2 милиони евра за спасување на други детски животи, ги подигнале парите за себе!
– Тие пари, околу два милиони евра, ги подигнаа Јелена и Небојша Огњановиќ пред неколку дена.Бевме изеннадени од нивната постапка но не можевме да ги спречиме да ги подигнат парите од хуманитарната сметка која гласи на нивно име – вели изворот од Комерцијална банка за српски Курир.
Официјална потврда од банката нема бидејќи сметките на клиентите се строго чувана тајна. Таткото на Тијана вели дека информацијата не е точна и не одговара дали парите се уште на сметката.
Приказната на Курир прочитајте ја тука.