Во неофицијалните списоци на загинатите при падот на Боинг 737-500 во аеродромот во Казањ под број 1 се наоѓа Ирик Миниханов – син на претседателот на Татарстан, јавува Руска Реч.
Сепак, во друг список, објавен на Life News, Миниханов го нема меѓу жртвите. во едниот список има имиња на 44 патници, а во другиот – 42.
Претходно беше соопштено дека на местото на авионската катастрофа во Казањ биле откриени телата на 50 загинати.
Повеќе детали и видео за несреќата на следниот – ЛИНК