Потресен говор на Анџелина Џоли по примањето на почесниот „Оскар“ (Видео)


angelina

Вчера на свеченост во Лос Анџелес Џоли доби специјален Оскар со кој холивудската индустрија на филмот и оддаде признание на актерката за хуманитарната работа со бегалците.

Холивудската актерка, режисер и сценарист Анџелина Џоли ја доби специјалната награда „Џин Хершолт“ за личен придонес во хуманитарни активности.

– Кога ги сретнав оние кои ги преживеале војната и силувањата, знаев колку сум среќна. Сфатив колку сум била заштитена во животот.

Бев одлучна тоа повеќе да не се повтори. Сите ние во оваа просторија сме среќни. Не можам да сфатам како јас го имам овој живот, а жената на другиот крај на светот со иста работна етика, страст и можеби со подобар талент за глума е заробена во бегалски камп.

Таа нема глас. Се грижи што ќе јадат нејзините деца, како ќе ги заштити и дали некогаш ќе се вратат дома. Не знам зошто е овој мој живот, а оној нејзин.

Не разбирам. Но, ќе направам што можам да им помогнам. Да беше мојата мајка денес жива, би била многу горда на мене – рекла Џоли.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1