Деца, од 3 до 7 годишни, шмркаат лепак во центарот на Скопје – напаѓаат и тепаат невини деца


Деновиве група од пет дечиња на возраст од 3 до 7 години талкаат по градскиот плоштад Македонија, а во рацете, наместо играчки, имаат кеси полни со лепило, па си играат зашеметување, со вдишувањето од кесата. Некои од минувачите им дофрлаат и коментираат, но безуспешно, децата тераат по свое, не знаејќи дека со вдишување на лепилото тие немаат само зашеметен ум, туку вдишувањето на овој отров, како што велат лекарите, може многу лесно да ги однесе во смрт, пишува Дневник.

deca smrkaat lepakНо има и поревносни граѓани. Еден од нив е Дарко Јовановски од Скопје, кој вели дека деновиве ќе поднесе претставка до народниот правобранител и дека ќе бара начин како да им се помогне на тие изгубени деца.

– Забележав на плоштадот група мали дечиња кои сами талкаат со кесите в рака. Се задеваа меѓу себе, падна и некоја клоца, ама на крајот сите се смееја. Но ме вознемири моментот кога забележав дека малите талкачи почнаа да напаѓаат и да тепаат друга група дечиња, кои со учителките излегоа на прошетка. Едно дете доби страшна шлаканица, а другите клоци, учителките не можеа да ги одбранат. Додека станав да им помогнам на наставничките, групата дечиња што тепаа веќе се беше разбегала. Се вознемирив и за тоа што доби ќотек, но и за она што тепаше. Не е во ред, не можам веќе немо да гледам дека јавно пред очите на сите гаснат детски животи. Решив да поднесам претставка кај народниот правобранител. Мора да постои некое решение – вели Јовановски.

Од кабинетот на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов велат дека Центарот за социјална работа е запознаен со појавата на деца кои дишат лепило од кеси и истите се евидентирани. Доколку родителите на овие деца не соработуваат со Центарот за социјална работа и не ги почитуваат насоките и советите што им се дадени од тимовите, но и укажувањата каде грешат, последна мерка што се спроведува е да им го одземат родителското право.

Целата сторија на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1