Се е удрено на штедење – но не се штеди на иновации кои ќе и овозможат на фабриката да заштеди. Најновата информација е дека Форд ќе гради виртуелна фабрика.
Овој потег ќе и овозможи на компанијата да го подобри квалитетот, но и да ги смали трошоците за производство на автомобили.
Најновата виртуелна фабрика преку компјутерската симулација на монтажниот процес и овозможува на компанијата да ги тестира процесите на производство пред да инвестира во вистински ресурси за вистинско производство.
Форд користи софистицирана технологија на камери за скенирање и дигитализација на реални делови за автомобили со кои потоа создава 3д монтажа.
Виртуелниот работник крстен ,,Џек,, може да ги симулира акциите и на мажите и на жените запослени на монтажните линии, каде би можеле да погрешат, каде се поспори и зошто.