Илинденското востание било бугарско – тврди бугарски ,,Новините,,


Во текстот агенцијата информира дека Бугарија празнува 109 години од Илинденското востание за кое пишува дека е ,, најголем анти-Отомански бунт на Бугарите во историските и географски региони на Македонија и Тракија.,,

На 2 август – Илинден бугарската новинска агенција Новините објавила текст и на Бугарски и на Англиски јазик со наслов – ,,Бугарија одбележува 109 години од востанието на Бугарите во Македонија и Тракија,,

Во текстот агенцијата информира дека Бугарија празнува 109 години од Илинденското востание за кое пишува дека е ,, најголем анти-Отомански бунт на Бугарите во историските и географски региони на Македонија и Тракија.,,

Понатаму во текстот се вели дека за време на илинденското востание се побуниле Бугарите во Македонија и Тракија и се обидувале да ги обединат териториите населени со Бугари кои сеуште биле под Отоманската империја.

Бугарската агенција потоа си ја раскажува цела историја околу Илинденското востание – како да е бугарска историја.

Ова е линкот до срамниот текст на една од најголемите новински агенции во Бугарија.

http://www.novinite.com/view_news.php?id=141945

Инаку по повод Илинден писмо до Македонија испрати и Министерот за надворешни работи на Бугарија во кое вели

,, Да ги оставиме политичките интерпретации на историјата, а државите и општествата искрено да се придржуваат до евроатлантските вредности на слободата, човековите права, демократијата и владеење на законот. Цврсто сум уверен дека само така може да се достигне желбата на сите – економска благосостојба,, – пишува бугарскиот министер Николај Младенов.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1