mapaПсомијадис во писмото наведува дека во учебникот „Историја на модерниот и современиот свет“ на 130. страница „останала мапата на која нашата земја „сосема произволно е претставена како Македонија“.

Мапата е илустрација на текст за главните нацистички концентрациони логори во окупирана Европа за време на Втората светска војна.
Тој потсетува дека присуството на оваа мапа уште во 2007 година предизвикала остри реакции „затоа што отвора задна врата за тврдењата на соседната земја“.

– Тврдините паѓаат од внатре премиере. Тоа е благодарение на познатата во јавност, пропаганда на Скопје внатре во нашите граници… Во грчкото образование нема место за пропагандата на Скопје, пишува Псомијадис, а копија од писмото испратил и до министерот за образование.

МИА