Сите лекари се подмитливи, а русокосите глупави?


Шкотланѓаните се скржави, Австријците јодлаат, Италијанците се добри љубовници, Ромите крадат мали деца, Чесите на одмор носат паштети, Швеѓанките и Словенките се разуздани, повозрасна немажена жена е „стара мома“ а неоженет маж „добра прилика“. Разведената жена е „распуштеница“, а мажот што помага дома е „папучар“.

kuklaОва се само некои од примерите на добро познати и закоравени стереотипи со кои се занимава изложбата „Виц за русокоса: стереотипите со кои живееме“ поставена во Етнографскиот музеј во Загреб, на која меѓу другите учествуваат и македонски уметници, пишува Нова Македонија.

– Еден од најраспространетите стереотипи е дека русокосите се глупави, а вицовите на нивна сметка постојат уште од филмот „Мажите повеќе ги сакаат русокосите“, со Мерилин Монро – велат кустосите на загрепската изложба.

Најстарите визуелни прикази на стереотипите се наоѓаат уште на средновековните мапи, а една од првите е „Мапа мунди“, карта на познатиот свет од 1285 година. Таквите мапи донесувале поедноставни претстави за другите нации што тогашните жители на светот не ги познавале.

Така, на некои популистички карти Кина е наречена „супермаркет“, Индија „кари“, додека на подрачјето на некогашна Југославија стои натпис „Не задевајте се со овие типови“.

Многу стереотипи се користат и во рекламите: насмеан црнец со блескаво бели заби рекламира паста за заби, а свои стереотипи имаат и голем број професии. Така, книжарките се „стари намуртени жени со дебели очила“, докторите се подмитливи, а полицајците глупави и, барем во американските филмови, секогаш џвакаат крофни.

Меѓу ракотворбите, пак, најстереотипни се пораките на извезените парчиња ткаенина што стоеле над шпоретите на вредните домаќинки. Нивните пораки се сведуваат на една – дека местото на жената ѝ е во кујната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1