Порталот Охрид1 објави видео од неодамнешната посета на министерот за здравство, Никола Тодоров, на охридската општа болница.
Тој на лекарите им објаснува како може најдобро да научат да оперираат- со помош на симулатор, нешто што го пробал и самиот министер.
Тој ова го спореди со видео игра, но рече дека имало перфектен резултат, сепак скромно кажа дека тој е нестручен и само се обидел да оперира преку симулаторот како би видел како работи. Со него бил и врвен хирург кој ја извел операцијата на симулаторот и изјавил дека е идентично како вистинска операција.
(Видео – Охрид1)