Возило на Итна помош и „фолксваген пасат“ со словенечка регистрација се судрија попладнево околу 15.15 часот на раскрсницата на булеварот Партизански одреди и Октомвриска револуција.

Во сообраќајката биле повредени двајца од „пасатот” и двајца од персоналот во возилото на Итната помош. Двајца повредени се пренесени во Градската болница 8 Септември, а двајца се пренесени во Ургентниот центар.
Од Ургентниот центар за Канал 5 изјавија дека пациентите кои се пренесени таму не се со критични повреди. Се уште нема информација за состојбата на повредените кои се во болницата 8 Септември.
Полицијата извршила увид и треба ги утврди причините за несреќата.