Македонија денеска ќе се пошуми со пет милиони дрвца


Под мотото „Засади здравје! Засади здрава иднина!“, денеска ќе се одржи 12. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“, во која треба да бидат засадени пет милиони садници на површина од 1.150 хектари низ цела Македонија.

den drvoПриоритети за пошумување се опожарени површини, голини во и надвор од шума во рамките на Шумско-стопанските единици, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, локации покрај природни и вештачки езера на територијата на Република Македонија и државни патишта. Ќе се садат повеќегодишни дрвца од видовите даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чемпрес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија, туја… Покрај езерските крајбрежја во Охрид, Струга и во Дојран изминатиот период беа засадени 400 палми.

Изборот на дрвца за пошумување го врши „Македонски шуми“ во зависност од климатските услови, надморската височина и од фенологијата на садниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1