Српски „Alo!“ пишува дека старлетата Сораја во настапот во дискотека во Македонија, отпеала три песни по нарачка на син на македонски политичар, а тој ја наградил со 3 000 евра.
Наводно, момчето славело роденден и преку менаџерот на Сораја побарало таа да испее неколку песни во негова чест. Старлетата го сторила тоа, а тој бил толку задоволен што ја наградил со 3 000 евра. Изворот на Ало вели дека Сораја не сакала да прими толку пари, но тој инсистирал.
Таблоидот има потврда од старлетата за оваа случка, иако таа не открива кому му пеела и колку бакшиш добила.
– Вистина е дека добив убав бакшиш. Момчето славеше роденден, посака да отпеам нешто за него и за друштвото и тоа го сторив.Прекрасно си поминав. Чув дека е син на некој познат политичар, но не би сакала да откријам на кој – вели Сораја.