Златната елка висока 18 метри почна да се поставува на скопскиот плоштад. Годинава ќе биде поставена уште една новогодишна елка, помала и во среберена боја на плоштадот Филип Втори.
И годинава Град Скопје украсувањето на централното подрачје го додели на фирмата Линк медија плус, која беше и единствената што се пријави на тендерот.
Централното градско подрачје ќе биде облеано во новогодишен сјај од утре. Скопскиот плоштад, како и секоја година, ќе ја крене празничната атмосфера и расположението кај граѓаните.
На деловите од булеварите кои поминуваат низ центарот на метрополата ќе доминираат украси во ладнобела боја, додека плоштадите ќе светат во топло-ладна боја која наликува на жолтеникава.
На улица Македонија се предвидува поставување на ѕвездено небо, а во план е да има и нови топки-лустери.
Фото Курир