Чини преку 100 милиони евра, а сепак прокиснува


Организаторите на Олимписките игри во Лондон задолжени за велодромот денеска соопштија дека зградата прокиснува на три места, но исто така дека натпреварувањата ќе си продолжат по распоредот.

Патеката направена од дрво од сибирски бор, не е оштетена од водата, но организаторите нагласија дека трите дупки на покривот ќе бидат поправени за време на ноќта.

Изградбата на велодромот кој може да прими 6000 посетители, чини околу 118 милиони евра.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1