Калиопи, Куку Леле, Тијана Дапчевиќ и Мустафа Имери вечерва ќе настапат за дочекот на Нова година на плоштадот „Македонија“.
Концертот ќе почне во 21 часот, а ќе го отвори младиот интерпретатор на забавни и народни нумери, Имери.
Традиционално, и оваа година настанот е во организација на Град Скопје, Т-Мобиле и Македонски телеком.
Новогодишниот концерт ќе трае до раните утрински часови, а за точно на полноќ се најавува и голем спектакуларен огномет.
Организаторите упатија апел за поголема посетеност на настанот, бидејќи по неколку години, на новогодишниот концерт ќе настапуваат само македонски реномирани изведувачи и најавија незаборавна вечер за посетителите.