Како резултат на повредите здобиени во сообраќајна несреќа кај Чачак во болница почина таткото на познатиот српски кошаркар, Владе Дивац, Миленко Дивац.
Со возилото во кое бил Миленко управувала мајка му на Владе и сопруга на Миленко, Радa која е повредена, но е вон животна опасност.
Полицијата ги испитува причините за несреќата.