Листа која треба да ја знаете – опасни состојки – научете ги симболите на пластичните шишиња


Дали некогаш сте се прашале што означуваат броевите, или симболите на дното на пластичните шишиња и опаковки од прехранбени продукти?

bottled-water-plasticДали знаевте дека со ограничувањето на користењето и рециклажата на пласитката, се доведе до тоа, да некои шишиња се побезбедни од другите? Дојден е период кога треба повеќе да знаеме за различните типови на пласитка, од кои секојдневно јадеме и пиеме, и како истите тие имаат влијание врз самите нас и животната средина.

Секој пластичен сад или шише има рециклаторен симбол. Симболот е број, кои се рангира од 1 до 7, во рамките на триаголник. Иако можеби ваквите бројки нема да ви значат многу, истите можат да понудат голема доза на информации во врска со токсичните хемикалии кои се користат во пластиката, колкава е веројатноста на пластиката да биде филтрирана.

Еве неколку информации за различната пластика и нејзиното рециклирање како и за симболите и броевите на истата

plastika

1. Plastic #1 – PETE or PET (Polyethylene Terephthalate) Пластика (полиетилен терефталат)

Се собира од повеќе рециклаторни програми. Обично е чиста и најмногу се користи за да се направат шишиња со сода и со вода. Некои ја сметаат за безбедна, но познато е дека оваа пластика овозможува на бактериите да се акумулираат.
На крајот, од истата, се создаваат воглавно шишиња со вода, пивски шишиња, пластични кутии за маргарин кикирики итн.
Се рециклира во платнени торби, мебел, теписи и др.

2. Plastic #2 – HDPE (High Density Polyethylene) Пластика (Полиетиен со висока Густина)

Пластика типично нетранспарентна и собрана од страна на повеќе рециклаторни програми. Оваа пластика се смета за безбедна и има помал ризик од истекување.
Воглавно од неа се создаваат шишиња за сок, шампони, детергенти, моторни масла, јогурти, путер и др. Обично истите се непроѕирни.
Се рециклира во пенкала, клупи, шишиња за детергент и др.

3. Plastic #3 – V or PVC (Vinyl) Пластика (Винил)

Се користи за да се направи храна, водоводни цевки и шишиња, а ретко е прифатена да се користи во рециклаторните програми. Ова пластика е поврзана со голем број на здраствени проблеми кои можат да доведат и до проблеми со абортуси. Истата содржи DEHA, поради што можат да бидат канцерогени, со долгорочна изложеност. Исто така е поврзана со губење на коскената маса и проблеми со црниот дроб. Може да се најде во шишињата со шампон, пакувања на храната, во шишињата за масло за јадење, медицинска опрема, цевки и прозорци.
Ваквата пластика обично се рециклира во ламперија, во палуби на бродовите, шахти на патиштата и др.

4. Plastic #4 – LDPE (Low Density Polyethylene) Пластика LDPE (Ниска густина на Полиетилен)

Ниската густина на полиетиенот најчесто се наоѓа во торбите, облеката, килимите, замрзнатата храна, како и во некоја обвивка за храха. Засега не е познато дека постои рециклаторна програма за истата, но луѓето се повеќе почнуваат да ја собираат. Истата се смета дека е безбедна.
Оваа пластика се рециклира во корпи за ѓубре, лименки, плочки за под и др.

5. Plastic #5 – PP (Polypropylene) Пластика (Полипропилен)

Се повеќе станува прифатена од страна на рециклаторните програми, и исто така се смета за една од побезбедните пластики.
Обично може да се забележи кај опаковките со јогурт, кечапот, шишињата со сируп и медицинските шишиња.
Истата се рециклира во метли, авто батерии, сигнални светла и др.

6. Plastic #6 – PS (Polystyrene) Пластика (Полистирен)

Полистирен е стиропор, кој е познат по тоа што е тешко да се рециклира, што по автоматизам претставува штетно за животната средина. Овој вид на пластика претставува ризик за здравјето поради високиот процент на токсични хемикалии во истата. Повеќето рециклаторни програми не ја прифаќаат.
Може да се забележи во компактните дискови, картоните за јајца, и при еднократната изработка на чинии и чаши.
Истата се рециклира во картони за јајца, вентили, пакувања на пена, и изолација.

7.Plastic #7 – Other, Miscellaneous – секој друг вид на пластика

Сите останати пластики кои не се вклопуваат во останатите категории се сместени во оваа категорија. Оваа пластика може да претставува мешавина на повеќе пластики. Во себе има поликарбонат, кој содржи токсичен бисфенол. Оваа пластика треба да се избегнува поради присуството на евентуално хормон на „disruptors“, кој е поврзан со неплодноста, хиперактивноста, репродуктивните проблеми, како и многу други здраствени проблеми.
Истата може да се забележи во очилата за сонце, iPod направите, комјутерите, најлон, шишињата од 3 или 5 галони со вода, и материјлите од кои се создаваат панцирите.
Најдобро е истата да се избегне по секоја цена.

Избегнувајте ги

  • 3, 6, и 7. се најопасни 
  • барајте ги симболите 2, 4, и 5, се смета дека ова е најгбезбедната пластика 

Пластиката е нешто кое што го користиме во секојдневието, но сигурно истата можеме да ја ограничиме при употребата. Наместо пластични шишиња со вода или пластични садови, подобро е да изберете стакло или инвестирајте во систем на филтрација за да добиете високо квалитетна вода.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1