Документарниот филм за холокаустот, во чие создавање учествувал и легендарниот Алфред Хичкок, конечно ќе биде прикажан, и тоа во оригинална верзија во 2015 година.
Настанот ќе се случи по повод 70-годишнината од ослободувањето на Европа од нацизмот. Во 1945 година Сидни Бернштајн го повикал Хичкок за да му помогне да го сними филмот, кој се базира на снимките на британската и на руската војска.
Според британскиот камерман кој го снимал ослободувањето на концентрациониот логор Берген – Белсен 1945, Хичкок бил толку исплашен од страшните работи кои ги видел на снимките што не се појавил во студиото цела недела.
Снимањето на овој филм насловен Сеќавање од кампот” е пролонгирано и тој никогаш не бил прикажан во оригинална верзија. Кога конечно бил завршен, почнал да опаѓа интересот за филмовите за ужасите во концентрациониоте логори.