Татко и син се убиени претпладнево во скопски Чаир. Убиството се случило околу 11 часот на улицата „Рифат Бурчевиќ“.
Дваесет и седум годишниот Мустафа Ајридини и неговиот татко Алајдин Ајридини(56) биле убиени од страна на Шукри Т. (52) на прагот на неговата куќа. Таткото и синот заради претходна расправија со Шукри дошле до неговата куќа и започнале вербална расправија со него.
Тој со пиштол на прагот од куќата ги усмртил таткото и синот.
По извршеното убиство Шукри се вратил дома и земал со себе 2.300 евра и оружјето со кое ги убил таткото и синот и се пуштило во бегство. Лицето кое го извршило убиството било забележано од страна на полицаец кој не бил на службена должност и почнал да го брка за потоа случајот да го пријави на мобилната полиција.
Полициските Алфи по давањето на отпор на Ш.Т успеале да го совладаат и да го фатат кај Гинекологија Чаир.
Од страна на полицијата тој е приведен и според досегашните информации пиштолот со кој е извршено убиството бил нелегално поседуван.