Татко и син убиени во скопски Чаир – ги убил соседот


Татко и син се убиени претпладнево во скопски Чаир. Убиството се случило околу 11 часот на улицата „Рифат Бурчевиќ“.

policija1Дваесет и седум годишниот Мустафа Ајридини и неговиот татко Алајдин Ајридини(56) биле убиени од страна на Шукри Т. (52) на прагот на неговата куќа. Таткото и синот заради претходна расправија со Шукри дошле до неговата куќа и започнале вербална расправија со него.

Тој со пиштол на прагот од куќата ги усмртил таткото и синот.

По извршеното убиство Шукри се вратил дома и земал со себе 2.300 евра и оружјето со кое ги убил таткото и синот и се пуштило во бегство. Лицето кое го извршило убиството било забележано од страна на полицаец кој не бил на службена должност и почнал да го брка за потоа случајот да го пријави на мобилната полиција.

Полициските Алфи  по давањето на отпор на Ш.Т успеале да го совладаат и да го фатат кај Гинекологија Чаир.

Од страна на полицијата тој е приведен и според досегашните информации пиштолот со кој е извршено убиството бил нелегално поседуван.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1