Едвард Богуновиќ 87 годишен е уапсен и обвинет за одгледување на повеќе од 400 стебла марихуана во неговиот дом во Денвер.
Едвард ја садел, обработувал и потоа преродавал марихуаната. Цел негов двор бил полн со стебла. Кога полицаецот Кристофер Шотс отишол да направи претрес дедото му дал сомнителен докуемент дека наводно одгледува медицинска марихуана.
Но тој имал наводна дозвола за 231 стебло, а одгледувал уште дополнителни 183.
Кога новинарите отишле во домот на дедото тој изјавил ,, јас немам ни луле, имам нула стебла марихуана и имам документ со кои ќе докажам и ќе ја тужам полицијата,,
Дедото тврди дека тие стебла во дворот не се негови бидејќи го дели сопствеништвото на куќата со уште едно лице. Пуштен е со 10 000 денари кауција и откако го предал пасошот. Полицијата изјави дека веќе е поднесена пријава и дедото ќе оди на суд.