Вулкан ненадејно еруптирал – изгорел живи луѓе, меѓу нив и деца (Видео)


Најмалку 14 лица загинаа, а тројца се повредени во нова ерупција на вулкан во Индонезија. Тоа се случи само еден ден откако жителите кои избегале по претходната ерупција , дошле дома мислејќи дека сега е безбедно откако експертите јавиле дека актовноста на вулканот се смирила.

vulkan-indonezijaМеѓу жртвите се и четирите ученици кои биле на екскурзија околу вулканот и еден локален новинар – изјави Портпаролот на Националната агенција за управување со вонредни состојби Sutopo Purva Nugroho .

Во изминатите неколку месеци се пријавени помали ерупции на вулканот , но вулканска активност во последните неколку дена навистина се смирила иако топлата пепел која ја исфрлал ги прекрила околните села.

Тој исто така рече дека владата во петокот им овозможила на околу 14.000 луѓе кои живеат во опасната зона , пет километри околу вулканот , да се вратат дома, затоа што активноста на вулканот почнала да се смирува .

vulkan-na-sumatriНо тоа утро вулканот Sinabung , имал голема ерупција, проследено со повеќе моќни експлозии и исфрлање лава на јужните падини на растојание од најмалку пет километри.

Телевизиските снимки покажуваат села, полиња и дрвја околу вулканот , покриени со пепел, пренесе АП.

Властите се уште се обидуваат да се спречат најмалку 16.000 жители на областа да се вратат дома , но многу од нив инсистираат да ги обиколат нивните имоти, бидејќи тие се повеќе од четири месеци во привремени засолништа. Во оваа област во ноември се прогласи опасност на највисоко ниво.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1