Премиерот Никола Груевски во придружба на министрите Спиро Ристовски и Диме Спасов беше гостин кај пратеникот Амди Бајрам и неговиот син, Елвис Бајрам, на годинешниот Ромскиот бал, јави „Либертас“.
Амди и неговиот син беа облечени во смокинзи, а премиерот и министрите во „кежуал“ варијанта.
Како што пренесува порталот, пејачот Мухарем Сербезовски го поздравил премиерот велејќи дека неговото присуство говори дека Ромите имаат „висок рејтинг“, а за Амди Бајрам, алудирајќи на неговата здравствена состојба, рекол дека „вечерава е како нов“.
„Сепак, главниот момент беше изведбата на песната „Зашто су ти косе побелеле друже“ на која Амди го фати за рака премиерот Груевски и на увце му отпеа дел од стиховите“, пишува „Либертас“.