Даниел Кајмакоски вечерва го отпеa големиот хит „Wake Me Up“ од Авичи и дефинитивно никого не остави рамнодушен.
И членовите на жирито не штедеа комплименти за настапот на Кајмакоски.
Според Кики Лесендриќ дури Даниел ја отпеал песната подобро и од оригиналот.
Емина рече дека е фантастичен и дека е во најдобро светло до сега.
Кристина рече дека е роден да го прави ова и дека изборот на песна е одличен.