Боге К. (49) загинал, откако вчера вечерта паднал од осми кат, јавува Република.
Несреќата се случила вчера во 20.25 часот, во зграда на булеварот „Партизански Одреди” 135. Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата и скопјанецот бил пренесен во скопскиот Ургентен центар.
За жал подоцна им подлегнал на повредите.
Се уште се испитува како дошло до трагедијата.