Ќе се обновува ресторанот „Езерце“ во парк


Општина Центар ги презема првите чекори за да заживее некогаш култното место за скопјани, ресторанот „Езерце“, во Градскиот парк, и распиша конкурс за изработка архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за објектот. Градоначалникот Андреј Жерновски претходно најави дека не е задоволен од постојниот проект што го изработи претходната власт и ќе бара ново идејно решение за ресторанот, кој е општинска сопственост.

ezerce parkЦелта на конкурсот, како што велат од Општината, е да се добијат што поголем број квалитетни архитектонски трудови. Kомисијата ќе додели прва, втора и трета награда, а ќе бидат откупени уште 5 труда. Засега с` уште не утврдена вредноста на наградите.

По завршувањето на постапката, граѓаните ќе можат да ги видат сите пристигнати конкурсни трудови на изложба што ќе ја организира Општината.

Општинските власти велат дека локацијата на ресторанот кај скопјани с` уште буди спомени на некогаш популарниот воз „Ќиро“.

– Оттука се тргнуваше и, во убави дружби и атмосфера, се патуваше до Сарај и назад. Остатоците од тогашната железничка станица и денеска се во Градскиот парк и сево ова треба да се вклопи во идејното решение за новото и модерно „Езерце“ – потенцираат од Општината и додаваат дека со изградбата на новиот објект ќе ја снема сегашната грда слика од руинираниот објект.

Проблемите со „Езерце“ почнаа во 2008 година, кога ~ беше даден под закуп на фирмата „Вени, види, вици“ за период од 10 години и за 10.000 евра месечно. Оваа фирма го измени изгледот на ресторанот со доградби, кои потоа беа уривани од општинската градежна инспекција. Општината во 2010 година го раскина договорот и оттогаш остатоците од „Езерце“ го нагрдуваат атрактивниот простор во паркот

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1