Се враќаат „кецелите“ во Аеродром – ова се новите униформи на основците (Фото)


Основците од Аеродром, од септември ќе носат училишни униформи, а трошоците за нив ќе ги покрие општината.

Целта на овој проект е сите ученици да бидат облечени во исти униформи, а со тоа според градоначалникот Ивица Коневски, основните училишта во општина Аеродром ќе ги достигнат стандардите на училиштата од европските метрополи, пренесува Курир.

500uni3-Со тоа сакаме да се постигне чуство на еднаквост меѓу децата и да нема поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување. Од друга страна пак, на родителите ќе им се намалат трошоците за купување гардероба, која некои родители не можат да си ја дозволат, истакна Коневски.

Министерот за обаразование и наука Спиро Ристовски, го поздрави проектот како позитивен пример за тоа како учениците ќе можат полесно да се фокусираат на воспитно-образовниот процес, наместо на изгледот и начинот на облекување и аплеираше овој тренд да го прифатат и другите општини во Република Македонија.

500uni2 (1)

Училишната облека ќе се состои од сиви панталони, бели блузи и тегет елеци со амблем, на кој ќе биде извезено логото на општина Аеродром и името на училиштето. Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1