Пет работи кои не смеете да и ги кажете на свекрвата


 

Столчето кое честопати ќе чувствувате дека е вжештено е она на кое седите во домот на свекрвата, или како што милуваме да кажеме во Македонија, свекривата

. За да станете омилена снаа и да не ве смета свекрвата за вечен ривал кој и го украл синот, треба да се лишите само од неколку прашања и констатации.

 -Зошто го барате синот нон-стоп?

Она што следи по ова прашање не сакате да го сонувате ни во најлошата ноќна мора. Мама секогаш мора да праша дали синчето јадело, се наспало и дали е уморно. Свекрвата смета дека доколку вие не сте се погрижиле за својот син, таа мора да провери.

– Вашиот син е добар во кревет!

Ни во бунило да не спомнувате секс со синот затоа што тој дел од животот на детето, свекрвата секогаш ќе го смета за табу тема. Според неа, нејзиниот син дури и нема секс.

-Не сакам да седам дома со децата додека вашиот син гради кариера!

О не, не, не! Не спомнувајте, за неа ова е бесмислено. Во нејзино време се знаеше како било. Жената дома, мажот на работа. А ако сте мајка со успешна кариера, не се секирајте, пак ќе ве критикува.

– Ручекот ви е толку масен, дури ми ги затна крвните садови!

Немојте да ги навредувате нејзините јадење затоа што таа секогаш ќе смета дека кујната е најзин домен. Наместо да се мрштите, побарајте и рецепт и уште една чинија за дома.

-Бараме куќна помошничка, за мене чистењето е губење време

Што? Зар некоја непозната да му ги пегла гаќите и кошулите на синот? Тоа се решава во четири ѕида. Таа најдобро знае што сака синот. Ако веќе имате куќна помошничка, пред свекрвата не кажувајте ништо.

Tags: ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1