Три евтини трикови за беспрекорно чист автомобил!


Миење автомобил – во ова лудо време човек не знае што е попаметно, да се грижи сам за својот миленик на четири тркала, или обврската да ја препушти на некој од градските сервиси.

Втората варијанта заштедува време но не и пари, надворешно и внатрешно чистење најчесто чини повеќе од 150 денари, доколку побарате и полирање цената повеќекратно се зголемува. Првата варијанта (работите да ги земете во свои раце) – доколку сакате квалитетно да го исчистите и исполирате автомобилот резервирајте најмалку 2 часа од своето време.

Е тука се проблемите – измет од птици и инсекти, за борба со ова ќе морате да потрошите некој денар. Не можете да поминете без средство за чистење прозорци, без средство за отстранување упорни дамки и секако, без срество за полирање. Не мора секогаш да трчате по скапите средства за чистење, доволно е да прошетате до вашиот фрижидер.

Газиран сок, за миг ќе ги стопи дамките на прозорците ( но морате да внимавате, не смеете да истурате на каросеријата бидејќи содата го нагризува лакот).
Ракија, ја има во сечиј фрижидер. Не заборавајте старите домаќинки не ни знаеле за модерните средства за чистење стаклени површини, со ракија чистеле речиси се.

Регенератор за коса – Сакате да имате убаво исполиран автомобил но во моментот не ви се даваат пари за паста за полирање. Едноставно влезете во бањата и „украдете“ малку од регенераторот за коса на вашата мајка, сопруга или сестра. Делува слично на средствата за полирање, резултатите се идентични,  вашиот автомобил ќе  биде како нов.

Share Button

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1