Приштина ја затвора Амбулантата за Срби



Косовската полиција тврди дека нема потреба повеќе да постојат Центарот за мир и Амбулантата која што ја користат Србите од Приштина, пренесува балканска Аl Jazeera.

Во објектот кој го користи Косовската полиција во Приштина, веќе 12 години делуваат Центарот за мир и толеранција и Амбулантата која ја користат Срби кои живеат таму, а е под управа на Министерството за здравство на Србија.
Србите не ги користат здравствените услуги на Косово, и затоа сметаат дека затворањето на Амбулантата би било голем проблем. Тие исто така се жалат дека во Приштина немаат ни каде да одат на кино или пак да излегуваат, па затоа овие две институции им се и збиралишта за дружење.
Според извори на Al Jazeera, косовската полиција веќе шест месеци се обидува да ги исели Центарот и Амбулантата, но корисниците не сакаат да си одат од таму бидејќи само во полициската станица се чувствуваат сигурно.
Сепак, полицијата им дала рок на Србите, да ги иселат своите работи од просториите, најдоцна до 15-ти август, пренесува Al Jazeera.
Српските медиуми пренесуваат дека власта бара Маѓународните сили на Косово, веднаш да делуваат по ова прашање.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1