Србин преку оглас поставен на сајтот kupujemprodajem.com го продава својот глас за престојните избори – ако дадет повеќе ќе ја убедам и сопругата да гласа за вас, вели тој во огласот.
“Почитувани политичари, ценети партии – До 16 март има малку време, па побрзајте, вие може да го добиете мојот глас кој може да е капка која ќе ја прелее чашата, или ќе ви донесе доволно да со полно право преговарате за коалиција во влада.
Можеби токму мојот глас ќе ве донесе на власт !
Ако одлучите да го купите мојот глас ќе ви доставам и фотографија и електронски доказ дека сум ве заокружил вас.
Знам дека цената може да е висока, но досега, за кого гласав – тој секогаш победуваше.
Ако дадете износ повисок од 2000 евра, можно е да се убеди и мојата сопруга и да гласа за вашата партија или коалиција.
Со среќа да ви е на аукција, се вели во рекламата.