Ако дел од вашата храна е прекриен со малку мувла, веројатно мислите дека е безбедно да го отсечете и да го изедете „здравиот“ остаток од овошјето, зеленчукот или пак лебот.
Сепак, ова може да се покаже како многу лоша идеја. Постојат илјадници видови мувла, а некои од нив продуцираат и микотоксини – хемикалии што можат да предизвикаат невролошки проблеми, а дури и смрт.
На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки нишки, наречени хифи (од грчки – ткиво), кои се шират кружно, како коренот на дрвото.
Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе го отсечете делот со видлива мувла, веројатно ќе остане дел од колонијата што ќе продолжи да се шири низ мекото ткиво на овошјето или зеленчукот.
Можноста е помала ова да се случи кај погустата и поцврста храна, како тврдото сирење или пушеното месо.
Сепак, кај лебот, овошјето и зеленчукот, ова може да значи дека со отстранување на расипаниот дел сте се решиле од најголем дел од проблемот, но не и од проблемот.
Најбезбедно е да ја фрлите дури и делумно мувлосаната храна без размислување, но бидејќи тоа и не е така лесно, особено кога скапо сте го платиле, ова видео ќе ви помогне да ја донесете вистинската одлука.