Стево Пендаровски ќе биде кандидатот за Претседател на СДСМ, дознава Press24 од сигурни високи партиски извори на Бихаќка.
Според информации на порталот , одлуката паднала денеска на Извршниотодбор на партијата, што значи дека Конгресот кој СДСМ го закажа за 4 март станува само чиста формалност.
Името на Пендаровски и претходно се вртеше во медиумите.
Тој на 13 април ќе се соочи со граѓаните во првиот круг на претседатлските избори. Од ВМРО-ДПМНЕ според последниот развој на настаните, противкандидат се очекува да му биде актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, кој денееска го потврди своето учество ан Конвенцијата која најголемата партија ќе ја одржи на 1 март.