Во однос на вчерашното апсење кај трговскиот центар Чаирчанка, првичните информации од МВР велат дека уапсени се тројца полициски инспектори од Крвни деликти.
Меѓу уапсените се наоѓа и началникот, а сите тројца се сомничат за примање поткуп, јавува Курир.
Имено, лицата барале поткуп од внукот на Ибраим Исмаили, кој беше изрешетен во својот автомобил „мерцедес“ во Ченто.
За време на вршење на увидот, внукот го зел пиштолот од автомобилот на неговиот вујко за да не го земе полицијата.
Истиот бил запрен на лице место од страна на полициските екипи кои го вршеле увидот, по што осомничените полицајци напишале соодветна пријава.
Уценувајќи го за да не му поднесат кривична пријава, од него барале пари.
Уценуваниот внук случајот го пријавил во полиција, по што инспекторите од Крвни деликти се фатени со одбележани пари.
Повеќе детали МВР најавува за подоцна.
Kurir.mk