Кој против кого – ова се носителите на листите


Партискиот лидер Зоран Заев да ја предводи Првата изборна единица. Заев во Скопје ќе му се спротистави на премиерот Никола Груевски, пишува Дневник повикувајќи се на неофицијални информации. Во првата изборна единица, Владо Бучковски ќе ја претставува Алијансата за позитивна Македонија.

IE 1

Во двојката (скопско-кумановска) од СДСМ се планира носител да биде актуелниот генерален секретар Оливер Спасовски, кој доаѓа од кумановскиот регион, а во Третата, Маријанчо Николов. Иако во централата на опозициската партија с` уште се кројат пратеничките места и се одлучува за носители, с` поизвесно е дека акцентот ќе биде ставен на помалку експонирани членови на партијата. Пратениците во заминување, од кои голем процент беа блиски соработници на Бранко Црвенковски, речиси и да ги нема во распоредот за новиот состав на СДСМ во Собранието.

izbori livceВо владејачката коалиција, во втората изборна единица фаворит, најверојатно, повторно ќе биде Гордана Јанкулоска.

Во третата изборна единица за пратеничко столче ќе се бори и лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, најверојатно, повторно ќе ја бара довербата на гласачите во четвртата изборна единица, но засега е неизвесно кој ќе биде неговиот противкандидат.

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, најверојатно, ќе го замени Јани Макрадули во петтата изборна единица. Засега е неизвесно кој ќе биде фаворит на владејачката коалиција за петката. Дилемите на ВМРО – ДПМНЕ се вртат околу заменик министерот за земјоделие Зоран Коњановски и екс – министерот за надворешни работи, Антониот Милошоски.

ahmetiНаспроти незивесноста во македонскиот политички блок кој ќе биде носител во шеската, сосема е сигурно дека таму силите ќе си одмерат Али Ахмети и Мендух Тачи.

Според информации на Алсат М, Демократската унија за интеграција веќе ги објави носителите и некои други кандидати на изборните листи за следните парламентарни избори.

Во изборна единица 1 носител ќе биде Ермира Мехмети, а втор на листата Рафиз Алити.

Во изборната единица број 2, прдводник на листата на ДУИ ќе биде Реџаил Исмаили, втор е Шкодран Дардишта, трет Џемаили Мирван, а четврти Артан Груби.

Во изборната единица број 3, интегративците ќе се натпреваруваат со Беџихудин Шехапи како носител на листата.

Носител на листата во изборната единица број 5 е Муса Џафери, а Рамиз Мерко е веднаш зад него.

Во изборната единица бр 6, листата на ДУИ ќе ја предводи лидерот Али Ахмети, а Хазби Лика ќе биде на второто место. Останува да се утврдат позициите 3 и 6 во оваа изборна единици, кои се резервирани за женски кандидати.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1