Кула од 23 ката во парискиот кварт Есон се продава по симболична цена од едно евро.
Кулата 27 во париската општина Вињо сур ла Сеин изградена е во 1960 година, со 120 станови кои државата ги субвенционирала, била планирана за уривање во 2006, објави „Фигаро“.
Во меѓувреме, општината се откажала од тоа и во план е реконструкција на ова здание во рамки на проектот за урбано обновување и одржување на стариот дух на градот.
Кандидатите заинтересирани за реконтрукција на градежништвото имаат рок до 30 април да поднесат понуди до општината.
Зградата би требало да биде обновена до 2016, а наместо социјални станови во неа би требало да бидат сместени уметнички атељеа.
Стотина станари кои се уште живеат во зградата треба да бидат раселени и да се сместат на друга локација.
Denesen