Сведоштво: Гатач од Брвеница ги лекува пациентките со секс – еве како минала новинарка


Пред да се излажете да отидете кај некој од нашите „исцелители“ прочитајте го ова вистинито искуство на наша колешка од сајтот Гуру.мк. Истражувајќи ги исцелителите, бајачите и како ли уште се нарекуваат новинарката на Гуру во прво лице се уверила со какви се перверзници си има работа напатениот македонски народ кои на овие врати тропа од очај и мака.

Ви пренесуваме дел од текстот – комплентата информација може да ја прочитате на ГУРУ.МК

iscelitelДодека работев на последната истражувачка статија за гатачите и видовитите луѓе низ Македонија ми се случи нешто трашно кое морам да го споделам со вас бидејќи може да се случи на секоја девојка која ќе отиде кај овој човек, а јас сум решена да го спречам тоа.

Одејќи од гатач до гатач за да ја докажам нивната неверодостојност, слушнав за човек од тетовското село Брвеница кој многу помагал. Многу луѓе збореа дека им помогнал како и на здравствен план така и во откривање магии кои се направени врз нивните семејства.

Отидов на „незакажано“ но човекот веднаш ме прими.
Ме седна на столче, ме фати за рака и почна да ме прашува што ме мачи.
Морав да кажам нешто колку да почне да збори. Реков дека имам несоници и гушење. МУ „дојдоа визии“ и ми рече дека имам црна магија вклештена во гради и дека сум опседната од дух демон кој секоја вечер ме силува и дека има само едно чаре да се избрка тој дух, ама малце било незгодно.

demonМе фати невидена смеа, на што тој ми одговори да не се церекам и да легнам на креветот. Си викам, ајде издржи уште некоја минута од кошмаров, баш да видиш што ќе направи следно.

Прво демек почна со терапија од нозете за по некоја минута двата прста да ми ги стави на фармерките точно меѓу нозе. 

Кога се тргнав, шокирана од постапката ми одговори демек видел дека имам циста на јајник па да ми помогнел со биоенергија. И почна да ме тера да ги стискам вагиналните мускули...

– Ајде стисни, ајде ајде појако.

Јас веќе не можев да издржам од смеа, нормално не му дозволив да ме допира повеќе, но ме копкаше кое е чарето за духот. Кога го прашав што ќе правиме со духот а умирав да не се насмеам, мртов ладен ми рече дека ќе морам да имам секс со него. Само тоа било лекот.

– Не се плаши, нема да ти бидам ни прв ни последен, никој не мора да знае, па што ако имаш секс со мене, таман ќе го избркаме духот, рече и жив остана.

iscelitel siluvanje

И уште некое време ме убедуваше да имаме секс и да размислам, иако пред вратата ме чекаа двајца другари, тој очигледно мака си немаше. Не помисли ни дека некој од нив може да ми е дечко.
Воздржувајќи се да не го задавам и да си ја исполнам новинарската задача до крај, излегов видно потресена од таму, а на излегување уште еднаш ми повтори дека ќе треба да доаѓам на 15 дневна секс терапија кај него, пожелно сама, да не носам машки со мене.

Затоа сите вие девојки и жени кои се лажете да одите кај овие самопрогласени исцелители, размислите два пати пред да го сторите тоа. Од моето искуство гледате какви психопати постојат. Човекот кај и да е ќе биде уапсен, но не значи дека не постојат уште еден куп како него,
Но, ете сега нека знае цела Македонија.
И после речете, новинарската работа била лесна…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1